Власта и опозицијата се препукуваат чии советници биле поскапи и побројни

Гледачи: 183

Категории: МАКЕДОНИЈА  ВИДЕА

Кој има подолга листа на советници и за колку се поскапи тие на Груевски, од лицата кои сега го советуваат премиерот Зоран Заев. Советниците и денеска тема на препукување меѓу Власта и опозицијата. Портпаролот на владата Миле Бошњаковски ги отфрли критиките во јавноста дека Заев има премногу советници. Тој рече дека премиерот има 54 советници, што е помалку од бројот на советниците кои ги имаше Груевски во периодот од 2010 до 2016 година. Според досега собраните податоци пак сумата која претходната Влада ја плаќала за советување е најмалку тројно поголема од таа на сегашната.

 
16-Мај-2018